„Волшебна елка на желба“ – настан во кој 160 деца добија новогодишни пакетчиња

Во рамки на предновогодишниот настан „Волшебна елка на желба“, денеска околу 160 деца без родителска грижа, сместени во згрижувачки семејства добија подароци и новогодишни пакетчиња. 

Црвениот крст на Град Скопје и годинава ја организираше „Волшебна елка на желба“, а посакуваните подароци – новогодишни желби беа поделени во Трговскиот центар „Рамстор“.

– На почетокот на декември, децата ги запишаа нивните новогодишни желби и ги закачија на големата елка поставена во просториите на Центарот, а потоа ги поттикнувавме сите хумани граѓани, компании, организации и институции да ја посетат нашата Волшебна новогодишна елка, да изберат некој од „лампионите“ на кои се запишани желбите, и  да помогнат во остварување на искрените детски желби, изјавија од Црвениот крст на Град Скопје.

Активноста „Волшебна елка на желби“ е иницирана пред 17 години. Идејата е дека секој човек, особено дете, треба да се чувствува убаво и среќно за време на новогодишните празници, наглација од Црвениот крст на Град Скопје. 

Во фокусот на Трн рубриката „Насмевни се“ се случајно избрани граѓани на улица кои со насмевка на нашите фоторепортери испраќаат порака за ваш поведар и понасмеан ден. Не заборавајте и вие да се смеете.

Најново

Последни колумни