50 години Француски институт во Скопје

Волшебен уличен спектакл „Сонот на Ербер“ во Скопје

Претставата “Сонот на Ербер“ е покана да патуваме и сонуваме. Публиката ја каниме на една поетска и волшебна претстава каде што секој може да си замисли своја сопствена приказна. Претставата е намената за сите возрасти, за деца, за нивните родители па дури и нивните дедовци и баби. Комбинација од светлина, танц, музика, театар… префектна уметност на улиците на Скопје, а секако, кој не сака светлина, музика, танц и театар?- вели за Трн, Bastien ROLLY од „Кидам“

Како дел од манифестацијата „Бела Ноќ“, Францускиот институт во Скопје во рамките на одбележувањето на 50 години од своето постоење, вчера вечер го организираше волшебниот уличен спектакл, насловен „Сонот на Ербер“ на трупата „Кидам“.

Oбемни фигури високи 4 метри. Величествени, во исто време, несмасни и воздушни, како да доаѓаат од друга планета и носат светлина во нив. На чудна и маѓепсувачка музика, спроведуваат магичен ритуал …Како намигнување на месечината. Како во сон!

-Претставата “Сонот на Ербер“ е покана да патуваме и сонуваме. Публиката ја каниме една поетска и волшебна претстава каде што секој може да си замисли своја сопствена приказна. Претставата е намената за сите возрасти, за деца, за нивните родители па дури и нивните дедовци и баби. Комбинација од светлина, танц, музика, театар… префектна уметност на улиците на Скопје, а секако, кој не сака светлина, музика, танц и театар? – вели за Трн, Bastien ROLLY од „Кидам“.

Театарската група , објаснува тој, беше создадена во 1994 година од страна на Жан-Баптист Дипере кој замина во пензија пред две години.

-Тој ми направи чест и ме покани да го наследам на чело на театарската група заедно со двајца други уметници : Франсоаз Шапон и Венсан Борел. Во театарската група членуваат 27 уметници и техничари кои работат заедно со нас што ни овозможува да играме претстави симултано на повеќе места. Ние имаме во моментов репертоар со шест претстави. Ние даваме отприлика по 150 претстави секоја година во многу земји. Имаме настапувано во повеќе од 40 земји – објаснува Bastien. 

Спектаклот започна пред Музеј на град Скопје, во 20 часот а заврши на Плоштад „Карпошово востание“

„Сонот на Ербер“ беше вистински спектакал. Спој на танц и светлина. Музика и театар. Уметност на улиците на Скопје.

Во прилог е галеријата од синоќешниот настан

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни