Германскиот автомобилски гигант Volkswagen (VW) објави дека во 2024 година забележал пад на продажбата за 1,4% во однос на претходната година. Иако компанијата остварила раст на пазарите во Северна и Јужна Америка, послабите резултати во Кина влијаеле на глобалната продажба.
Volkswagen испорачал околу 4,8 милиони возила од брендот VW низ светот, што е помалку за 1,4% во однос на 2023 година. Падот на продажбата бил посебно изразен во Кина, каде што испорачале скоро 2,2 милиони возила, што претставува намалување од 8,3% во однос на претходната година. Исто така, продажбата во Европа паднала за 1,7%, додека во Северна Америка забележан е раст од 18%, а во Јужна Америка дури 21%.
Најголема побарувачка имало за спортските теренци, како што се моделите Tiguan и T-Roc, и речиси секое второ испорачано возило било SUV. Продажбата на електрични возила се намалила за 2,8%, со испорака од 383.000 модели ID.
„2024 година беше тешка заради слабата глобална економија, политичките предизвици и силната конкуренција, особено во Кина“, изјави Мартин Сандер, шеф на продажбата во Volkswagen. Иако годинава завршиле со пад, Volkswagen влегува во 2025 година со оптимизам.
Извор: HINA