Поради планирани зафати во електросистемот, дел од Волково утре ќе остане без струја. Прекинот ќе трае пет часа и ќе ги опфати жителите на една улица.
Регионалниот центар за управување со кризи информира дека поради планирани технички интервенции во електросистемот, утре (вторник) дел од населбата Волково ќе остане без напојување со електрична енергија.
Прекинот ќе ги опфати корисниците на улицата „95“, каде што ќе се изведуваат зафати со цел подобрување на мрежата.
Според најавата, електрична енергија нема да има во периодот од 09:00 до 14:00 часот.
Надлежните посочуваат дека интервенциите се дел од редовното одржување и унапредување на квалитетот на електродистрибутивната мрежа во овој дел од општината.