Волците се вратија во Европа – што сега?

Популацијата на волците во Европа започнува да се обновува од работ на исчезнување благодарение на напорите за нивно сочувување.

Сега една холандска провинција ги предупредува родителите да не ги носат нивните мали деца во шумите, откако биле забележани два случаи кога волци се сретнале со луѓе при што волците имале „атипично и загрижувачко“ однесување, пренесува Јуроњуз.

Многу држави низ Европа сега предлагаат убивање на волците кои се сметаат за опасни, што е во судир со активистите за заштитата на правата на животните, според кои волците треба слободно да се движат низ европските шуми.

На крајот на минатата година, Европската комисија предложи лесна заштита на растечката популација на волци, предлагајќи намалување на нивниот статус на заштита од „строга“ на „умерена“. Ловците и лобистите на земјоделците ја поздравија ваквата вест.

Експертите и групите за заштита на животната средина сметаат дека околу 19 илјади волци има во 27. земји-членки на ЕУ, со популации од повеќе од 1000 низ Бугарија, Грција. Италија, Полска, Романија и Шпанија.

Во Утрехт, Холандија, локалните власти бараат дозвола за убивање на волците откако едно дете било турнато од волк во село во Холандија. Инцидентот е само две недели по првата средба помеѓу луѓе и волци во Утрехт.

„Претпоставувајќи дека се работи за волк, експертите велат дека таквото однесување е атипично и загрижувачко. Провинциските власти стравуваат дека се работи за истиот волк во двата инциденти“ велат тие.

Официјално волците се вратија во Холандија во 2019 година, два века откако беа ловени до речиси исчезнување.

Додека конзерваторите го поздравија враќањето на овој предатор, волците се обвинувани за низа напади на животни и дека се приближуваат се поблиску до луѓето.

Извор: Euronews

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни