Војската на Мјанмар бомбардираше учесници на фестивал, има загинати

Мјанмарската војска во понеделникот извршила воздушен напад врз толпа собрана на будистичкиот Фестивал на светлината и на демонстрации против воената хунта, при што загинале повеќе од 40 лица, меѓу кои и деца, изјавиле членови на организацискиот одбор и очевидци.

Според податоците на организацијата Амнести интернешнал, која се повикува на изјави од сведоци, во нападот загинале од 17 до 20 лица, додека бројот на повредени се уште не е потврден.

Илјадници луѓе се собрале во понеделникот вечерта во Чаунг Уу, во централниот дел на Мјанмар, за да го прослават фестивалот што го означува крајот на будистичкиот пост.

Еден од членовите на организацискиот комитет изјавил за АФП дека војската користела моторен параглајдер за да ги бомбардира демонстрантите.

„Толпата се собра за да го прослави фестивалот, но и за да протестира против владејачката хунта. Околу 19 часот започнаа нападите – беа фрлени бомби, при што загинаа повеќе од 40 лица, а околу 80 беа повредени“, изјавил тој.

Тој додал дека организаторите предупредиле дел од луѓето, по што околу една третина од присутните успеале да побегнат. „Моторниот параглајдер прелета над толпата и фрли две бомби во центарот на собирањето,“ рекол членот на комитетот, додавајќи дека денеска дел од жртвите биле погребани, а се уште се собираат остатоци од телата на некои загинати.

Очевидец за АФП потврдил дека бројот на загинати се движи околу 40 лица. „Луѓето почнаа да трчаат кога видоа дека параглајдерот лета над нив. Денес бев на погребот на деветмина од моите пријатели,“ изјавил тој.

Локалните медиуми, исто така, јавуваат дека во нападот загинале околу 40 лица.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни