Петнаесет лица загинаа, а најмалку 30 се повредени во петокот вечерта кога воен авион „Херкулес“ на боливиските воздухопловни сили се урна на прометна авенија во градот El Alto, во близина на главниот град La Paz.
Според локалните власти, авионот превезувал новоиспечатени банкноти од централната банка и полетал од градот Santa Cruz de la Sierra. Несреќата се случила по слетувањето, кога леталото излегло од пистата и проклизало кон соседната авенија, во услови на лошо време.
🚨 બ્રેકિંગ: બોલિવિયામાં ચલણી નોટો લઈ જતું એરફોર્સનું વિમાન ક્રેશરોડ પર પૈસા વિખેરાતા લોકો લૂંટવા માંડ્યા! #Bolivia #BoliviaPlaneCrash #Gscard #Gujaratsquare pic.twitter.com/4UmvIZSJaZ
— Gujarat Square News (@gujaratsquare) February 28, 2026
Хаос на местото на несреќата
Снимки објавени на социјалните мрежи прикажуваат хаотични сцени – луѓе се упатуваат кон местото на падот и, според видеата, собираат банкноти расфрлани по улицата.
Локалните власти интервенирале со водени црева и солзавец за да ја растераат толпата и да обезбедат пристап за итните служби. Автентичноста на сите снимки не е официјално потврдена.
Затворен аеродром
Меѓународниот аеродром El Alto International Airport беше привремено затворен по несреќата.
Националната авиокомпанија Boliviana de Aviacion соопшти дека авионот што се урнал не бил дел од нивната флота.
Локалните медиуми објавија видеа на кои се гледа сериозно оштетениот авион, како и повеќе уништени возила долж авенијата каде што се случила трагедијата.
Централната банка на Боливија најави обраќање до јавноста, додека истрагата за причините за несреќата е во тек.