Воен авион се урна на Тајланд, загинаа двајца пилоти

Несреќата се случила за време на тренажен лет во северниот дел на земјата, причините за падот сè уште се истражуваат
Photo: Police / Wassayog Ngamkham

Воен авион на Тајланд се урна денеска во шумска област на северот од земјата за време на тренажен лет, при што загинаа двајцата пилоти кои се наоѓале во леталото, соопштија тајландските воздухопловни сили и локалните медиуми.

Станува збор за лесен јуришен авион од типот AT-6TH, кој учествувал во редовна обука. „Двајцата пилоти загинаа утрово за време на тренажна вежба“, изјави портпаролот на воздухопловните сили Џаккрит Таманвичај.

Според локалните извештаи, двоседот авион се урнал во провинцијата Чианг Мај. Надлежните служби веднаш излегле на терен, а истрагата за причините за несреќата е во тек.

Од воздухопловните сили засега не соопштуваат детали за можен технички дефект или други околности што довеле до падот на леталото.

Ова не е прв ваков инцидент во Тајланд. Во април минатата година, шест тајландски полицајци загинаа кога мал авион се урна во морето за време на вежба со падобрански скокови, во близина на крајбрежен град јужно од главниот град Бангкок.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни