Проблеми на Дижонска и Васил Ѓоргов, ќе се работи и на Христо Смирненски – состојби со водоснабдувањето во Скопје

Без водоснабдување денеска од 09 часот ќе бидат жителите на улиците „Дижонска“ и „Коста Абрашевиќ“ и Гинекологија Чаир, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Причина за прекинот е дефект на улицата „Дижонска 17“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. 

Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на улицата Христо Смирненски 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Зур маркет до бул.Партизански Одреди), општина Карпош.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Од ЈП Водовод и Канализација соопштуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Васил Ѓорѓов 19, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и дел од улицата Народен Фронт, општина Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни