Струга ќе го „скенира“ водоснабдувањето: Општината најави стручни и независни анализи

Општина Струга започнува процес на стручни анализи на водоснабдителниот систем, со цел утврдување на фактичката состојба на водата и функционирањето на системот на територијата на општината.

Денеска се одржа работна средба меѓу градоначалникот Менди Ќура и стручен експерт од приватна компанија ангажирана за испитување на состојбата со водата. На состанокот биле разгледани тековните состојби, како и методологијата според која ќе се спроведуваат анализите во наредниот период.

Покрај ангажирањето приватен експерт, Општината испратила и официјално барање до Градежниот факултет во Скопје, односно до Катедрата за водоснабдување, канализација и мелиорации, со цел нивна стручна екипа да изврши дополнителна, независна анализа на системот.

Паралелно со испитувањата, ќе се врши и проценка на евентуалната штета, за да се утврди обемот на состојбата и да се дефинираат понатамошни системски мерки.

Од Општина Струга информираат дека сите идни одлуки ќе се носат исклучиво врз основа на стручни наоди и официјални анализи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни