Песната „Води ме“, изведена од Слаткаристика и Калиопи, ја освои наградата песна на годината за 2025 на годинашното издание на „Златна Бубамара на популарноста“.
Наградата беше доделена на 29. издание на оваа манифестација, која важи за еден од најголемите културно-забавни настани во Македонија и регионот. Публиката имаше можност да ја слушне песната и во живо на сцената на „Златна Бубамара 2026“.
„Златна Бубамара на популарноста“ веќе 29 години обединува музика, хумор и сатира, а на нејзината сцена настапиле бројни македонски и регионални музички имиња.