Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат последните анализи на ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Како што информира претпријатието, во рамки на редовната неделна контрола биле земени и анализирани примероци од водата за пиење во периодот од 30 март до 3 април.
Во анализата биле опфатени 183 примероци за физичко-хемиска испитување и уште 183 примероци за микробиолошка анализа, земени од 39 мерни места на територијата на Скопје.
Од ЈП Водовод и канализација соопштија дека добиените резултати покажале оти сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Тоа значи дека водата од скопскиот водовод и натаму е исправна и безбедна за употреба од страна на граѓаните.