Во Зоолошката градина Скопје се родиле две близначиња лемури, кои веќе го разубавуваат живеалиштето со својата разиграност и љубопитност, објавија од устновата
Лемурите се примати кои потекнуваат од Мадагаскар и се познати по своите долги опашки, големи очи и силно развиено чувство за заедница. Живеат во групи, комуницираат со звуци и мириси, а мајките се исклучително грижливи, носејќи ги своите младенчиња постојано со себе.
Овие нови животи се уште еден доказ за успешната грижа и посветеност на тимот во ЗОО Скопје, велат оттаму.
Дополнителен интересен факт е дека кај лемурите владее матријархат, односно женките се главни во своите групи.