Градоначалничката на Мексико Сити, Клара Бругада Молина, соопшти дека во силниот земјотрес што денеска беше регистриран во градот се повредени 12 лица.
Бругада Молина на платформата X изјави дека „по активирање на протоколот за реагирање на земјотрес, е пријавено дека паднале пет столбови и четири дрвја во главниот град на Мексико“.
„Пријавени се 18 прекини на електрична енергија во различни населби. Две структури се проценуваат поради ризик од урнување, а како превентивна мерка, проверуваат 34 згради и пет куќи“, додаде таа.
Мексиканската Национална сеизмолошка служба претходно соопшти дека е регистриран земјотрес со јачина од 6,5 степени по Рихтер, со епицентар во јужната држава Гереро, на крајбрежјето на Тихиот Океан.
