Бројот на загинати во разорниот земјотрес што го погоди Мјанмар пред повеќе од недела дена надмина 3.600 и продолжува да расте, пренесе денес АП.
Во извештајот за ситуацијата во Мјанмар, Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни работи (OCHA) наведува дека повеќе од 17,2 милиони луѓе живеат во погодените области и дека им е итно потребна храна, вода за пиење, здравствена нега, парична помош и засолниште за итни случаи.
Пожарната служба на Мјанмар соопшти дека спасувачките екипи извадиле 10 тела од урнатата зграда во Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар.