Во земјината орбита лансиран сателит за мониторинг на загадувањето во Европа 

Од космодромот „Кејп Канаверал“ вчера во земјината орбита успешно беше лансиран европскиот сателит „Коперник Сентинел-4“, кој ќе има задача да ги следи квалитетот на воздухот и загадувањето во Европа, соопшти денеска Европската комисија. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ова е првата мисија на програмата „Коперник“ во земјината орбита посветена на следење на атмосферските услови над Европа, со што значително се зголемуваат можностите на ЕУ за мониторинг на состојбите со загадувањето.  

„Сентинел-4“ е опремен со напреден УВН спектрометар за прецизно мерење на критичните атмосферски загадувачи, како што се озонот, азот диоксидот, формалдехидот (метаналот), сулфур диоксидот и аеросолите. 

Откако ќе стане оперативна, мисијата ќе обезбедува витални податоци на секој час за составот на атмосферата. Овие информации ќе и овозможат на Службата за мониторинг на атмосферата на „Коперник“ да нуди увид на состојбите во реално време, поддржувајќи ги напорите за ублажување на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот низ цела Европа.  

Како што посочува ЕК, мисијата директно придонесува кон политиките на ЕУ за животната средина, вклучувајќи ја Директивата за квалитет на амбиенталниот воздух и Акцискиот план за нула загадување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни