„Во заштита на хуманоста“ – Светски ден на волонтерство

На 5 декември се потсетуваме на важноста на волонтерството како двигател на позитивни промени во општеството

Волонтерите се срцето на заедниците – тие работат несебично за да помогнат каде што е најпотребно, внесувајќи надеж и солидарност. Посветеноста на волонтерите не само што ги подобрува животите на поединците и заедниците, туку придонесува и за исполнување на глобални цели како што се правдата, еднаквоста и одржливиот развој.

Денешниот ден не потсетува дека преку здружена акција и солидарност можеме да создадеме поинклузивен и поправеден свет.

„Волонтирањето не е само придонес кон заедницата, туку и начин да растеме како индивидуи, стекнувајќи нови искуства, пријателства и вредности“, наведуваат од републичкиот Црвен крст.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни