Доставувачите што работат за „Волт“ протестираа денеска во Загреб поради, како што тврдат, драстичниот пад на платите, лошите услови за работа и посредништвото на таканаречените агрегатори, преку кои повеќето странски работници вршат испораки.
Протестот започна со собирање кај Саемот во 10 часот наутро, а колона доставувачи на велосипеди, скутери и автомобили се упати кон седиштето на Волт околу 11:15 часот, од каде неколкумина од нив тргнаа на состанок со претставници на Волт, но стигнаа само до рецепцијата. Средбата ќе се одржи утре.
Надер Вахеч, синдикалец и дел од иницијативата „Wolt Rewolt“, за Индекс.хр потврди дека денес немало состанок. „Нивниот директор не беше таму“, рече тој.
„Се собравме тука за да му испратиме на „Wolt“ јасна порака, нашите барања се многу јасни. Тие мора да ги зголемат нашите трошоци за работна сила, нашите цени паднаа за 50 проценти за една година. Зборуваме за огромен пад, а тоа е неподносливо, инфлацијата се зголемува, ние имаме наши барања“,вели тој.
Доставувачите бараат зголемување на почетната цена на испорака на две евра, како и зголемување на надоместот по извозен километар како за кратко (до 5км) така и за долги релации.
Луѓето што денес протестираа добија поддршка и од неколку опзоициски пратеници во хрватскиот Сабор, како и од помали вонпарламентарни партии.