Оваа оригинална идеја, која потекнува од времето на пандемијата, би можела да послужи како инспирација и за другите градови да размисли за вакви иновативни културни простори.
Музејот се отвори на Меѓународниот ден на смеењето, а посетителите се среќаваат со креативни и интерактивни експонати веднаш по влезот. Првото нешто што ги пречекува е скенер на среќата, а потоа необични „перални“ кои алудираат на актуелните општествени теми, како перењето на мозоци, пари и други саркастични прикази.
„Центрифугата на животот“, како што ја нарекува основачката Андреа Голубиќ, е дел од експонатите што не оставаат никого рамнодушен. Влезот во музејот е, пак, вистински спектакл: се влегува преку тобоган кој води до „игралиште за смеење“.
На ова место, секој агол е посветен на радоста. Од музички кокошки, до хелиум караоке – сè што се случува овде е направено со доза на хумор. Дури и уметничките дела, како црно-белиот свет на венецуелскиот уметник Патрисио Алехандро Агуеро Марино, нудат саркастична перспектива за денешното општество.
Една од главните атракции е и тестот за хумор. Посетителите имаат можност да дознаат кој тип хумор им е најблизок од вкупно 20 категории.
Музејот се простира на 400 квадратни метри и е резултат на двегодишна работа, полна со административни предизвици. „Ова е прв музеј од ваков тип во светот, и тоа е наша премиера во Загреб,“ истакнува Голубиќ.