Во вторник нов лет за евакуација на македонски граѓани од Дубаи до Скопје

Граѓаните кои имаат неопходна и приоритетна потреба од евакуација се повикуваат во најкус можен рок да се пријават во амбасадата.

Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби информира дека во вторник ќе се реализира уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Дубаи до Скопје.

Од амбасадата ги известуваат сите државјани на Република Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Обединети Арапски Емирати дека подготовките за летот се во завршна фаза.

Граѓаните кои имаат неопходна и приоритетна потреба од евакуација се повикуваат во најкус можен рок да се пријават во амбасадата.

Евидентирањето може да се изврши преку следните контакти:

Телефон: +971 56 441 7532 објави Скопје1.мк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни