Кафеав лимон, за кој се верува дека е стар дури 285 години, е продаден на аукција во Велика Британија за 1.416 фунти или нешто повеќе од 1.600 евра.
Аукциската куќа Brettells Auctions вели дека го пронашле лимонот сосема случајно, во стар плакар од 19 век кој бил фотографиран за продажба.
Плакарот го донело семејството, тврдејќи дека му припаѓа на починат вујко, а во него бил скриен лимон на кој биле испишани овие зборови:
„Господин П Лу Франчини ѝ го дал на 4 ноември 1739 година на госпоѓицата Е Бакстер“.
Почетната цена на лимонот беше од 40 до 60 фунти
„Мислевме дека можеме малку да се забавуваме, па го ставивме лимонот на аукција со проценка од 40 до 60 фунти“, рече аукционерот Дејвид Бретел, кој беше пријатно изненаден кога лимонот на крајот беше продаден за 1.416 фунти.
Сепак, тоа не е единствениот пример на необичен предмет што достигна толку висока цена на аукција. Во 2000 година, половина изедениот тост на Џастин Тимберлејк беше продаден на аукција за над 785 фунти.
Извор: prva.rs