Во Велика Британија започна четиридневна прослава на 80годишнината од крајот на Втората светска војна

Во четврток, на 9ти мај, на денот на 80-годишнината, кралското семејство ќе присуствува на благодарствена миса во лондонската Вестминстерска опатија на која ќе говори и Стармер. 

Денеска во Лондон и други градови во Велика Британија започнуваат четиридневни прослави на 80-годишнината од завршувањето на Втората светска војна со воена парада и прелет на авиони, кои ќе ги следат кралот Чарлс и високи членови на кралското семејство.

Повеќе од 1.300 припадници на британските вооружени сили маршира низ центарот на Лондон од зградата на парламентот до Бакингемската палата, а ги гледа кралот, кралицата Камила, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, заедно со премиерот Кир Стармер и воени ветерани.

Украинските вооружени сили исто така ќе учествуваат за да се покаже поддршката на Велика Британија за нејзината војна против Русија.

По завршувањето на поворката, ќе се одржи прелет на историски воени авиони и акробатскиот тим Црвени стрели на Кралското воено воздухопловство, кои кралското семејство ќе ги набљудува од балконот на Бакингемската палата. Кралското семејство потоа на чајна забава во палатата ќе биде домаќин на педесетина ветерани и други кои го преживеале војната.

– Оваа 80-годишнина е момент на национално единство. Време е за прослава на тешко стекнатиот мир, оддавање почит на споменот на оние кои ги загубија животите и сеќавање на жртвите што многумина ги поднесоа за да ја извојуваат нашата слобода, рече Стармер.

Во четврток, на 9ти мај, на денот на 80-годишнината, кралското семејство ќе присуствува на благодарствена миса во лондонската Вестминстерска опатија на која ќе говори и Стармер. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни