Во Велика Британија се намалува бројот на  Албанци баратели на азил, а се зголемува цифрата на затвореници 

Од 1998 година Велика Британија стана главна дестинација за Албанците сметајќи ја за „Ел Дорадо“ за подобар живот, па денес во оваа островска земја  живеат над 140.000 албански граѓани, објави Топ чанел.

Одлуката на британската Влада во 2023 година да ја прогласи Албанија за безбедна земја има силно обесхрабрувачко влијание врз емиграцијата на Албанците во оваа земја.

Според најновите податоци од британското Министерство за внатрешни работи, во текот на 2024 година 3.698 албански граѓани поднеле барање за азил, при што позитивен одговор добиле 100 лица. Во споредба со 2022 година, кога имало 17.340 барања, ова е драстично намалување.

Зголемување се забележува кај барањата за туристички визи при што само во 2024 година, албанските граѓани поднеле 28.554 барања, од кои 20.192 биле одобрени а 9.271 биле одбиени.

– Од друга страна според британското министерство за правда бројот на Албанци во затворите се зголемува, така што остануваат странска националност со најголем број затвореници во Англија и во Велс. Сега има 1.193 Албанци кои издржуваат казни во британските затвори, тренд кој се зголемува од година во година, наведува телевизијата.

Во 2015 година, Албанците биле рангирани на шесто место, следната година на петто, во 2017 година, на трето место,  2018 година, на второ а од 2019 година, тие го држат првото место. По нив се Полјаците, Романците и Литванците. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни