Во Велика Британија е откриен еден случај на мајмунски сипаници од сојот 1Б, кој полесно се шири меѓу луѓето во споредба со оригиналниот вид, јави денеска Би-Би-Си. Случајот е откриен кај пациент од Велика Британија кој неодамна бил на одмор во Африка и почнал да се чувствува лошо 24 часа по враќањето. На 21 октомври му се појавиле симптоми слични на грип, а осипот се појавил три дена подоцна. Пациентот се лекува во специјалистичка инфективна единица во Кралската болница во Лондон.
Случаи на 1Б мпокс се пријавени во ДР Конго, Кенија, Бурунди и Руанда. Се следи состојбата на лицата кои биле во контакт со заразените, а се претпоставува дека има помалку од 10 лица.
„Ова е првпат да го откриеме овој вид на мпокс во Обединетото Кралство, иако други случаи се потврдени во странство. Ризикот за населението во Обединетото Кралство останува низок, а ние работиме брзо на следење блиски контакти за да го намалиме ризикот од ширење“, рече професорката Сузан Хопкинс, главен медицински советник на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (УКХСА).
Светската здравствена организација неодамна прогласи вонредна состојба во Африка поради големи сипаници