Во велешкиот театар премиерно изведена детската претстава „Мачорот во чизми“

На големата сцена на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ денеска премиерно беше одиграна претставата за деца „Мачорот во чизми“ работена според приказната на Шарл Перо, во драматизација на Катерина Момева, а во режија на Деан Дамјановски. Сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева автор на музиката е Сашко Костов, а кореографијата на Мара Каревски.

Можноста први да уживаат во авантурите на Мачорот и Лео имаа дечињата од градинката „Димче Мирчев“ од Велес, а во наредните денови ќе ја видат и основците од градот.

Во улогата на мачорот настапува актерот Фаик Мефаилоски, Лео лавот го игра актерот Жарко Спасовски, а принцезата актерката Талија Настова. Во претставата играат и актерите: Кети Борисовска, Самоил Стојановски, Благојчо Стојанов, Зорица Панчиќ, Весна Димитровска и Слободанка Чичевска.

Инаку велешкиот театар по неколку години пауза повторно за кратко време ја подготви оваа претстава, а истата е со средства од буџетот на театарот.

Оваа театарска продукција е за деца од 4 до 12 години, а е работена според високи професионални, креативни, кадровски и најсовремени во светот технички услови кои ги овозможува сцената на велешкиот театар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни