Во текот на октомври, градот ќе биде домаќин на многубројни музички изведби на различни локации, организирани од Арт Генератор, со учество на уметници од Македонија, Франција, Германија, Финска, Австралија и Грција.
Велес, познат по своето културно наследство, преку овој фестивал ја одржува и алтернативната музичка сцена, која продолжува да расте и да ја збогатува музичката понуда.