Во Ужице се снима филмот „Соучесници“ во српско – хрватско – македонска копродукција

Главните улоги ги толкуваат: Невена Нераџиќ, Радован Вујовиќ, Милица Јаневски, Златан Видовиќ, Даница Ристовски, Аница Добра и Зоран Цвијановиќ.Една од улогите во овој филм ја толкува Сара Климоска

На повеќе локации во Ужице, Србија, започна снимањето на филмот „Соучесници“ во режија на Марко Новаковиќ, според сценарио на Огњен Обрадовиќ.

Филмот е копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија.

Главните улоги ги толкуваат: Невена Нераџиќ, Радован Вујовиќ, Милица Јаневски, Златан Видовиќ, Даница Ристовски, Аница Добра и Зоран Цвијановиќ.Една од улогите во овој филм ја толкува Сара Климоска.

Македонија ќе биде вклучена и со професионалци во продукцијата и постпродукцијата на филмот.

Главен продуцент е српската продуцентска куќа „Зилион филм“ на Лазар Ристовски, акопродуценти се Иван Малоча преку продуцентската куќа „Интерфилм“ од Хрватска и Роберт Насков и Александар Поповски преку „Партизанс“.

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни