Во тампоните и влошките пронајдени се штетни хемикалии: Овие супстанции се поврзани со рак, оштетување на црниот дроб и бубрезите, дијабетес…

PFAS (перфолифлуороакрилни и полифлуороакрилни супстанции) се нарекуваат и „вечни хемикалии“ поради нивното продолжено време на разградување. Студентите ги пронашле овие штетни супстанции во производите за менструална хигиена, но и во пакувањето.

Во нова студија предводена од професор на Универзитетот Нотр Дам во Индијана, истражувачите го испитале присуството на PFAS хемикалии во некои производи за менструална хигиена. Тие ги презентираа своите наоди на есенскиот состанок на Американското хемиско друштво во 2023 година. Истражувањето сè уште не е објавено во рецензирано списание.

PFAS супстанциите се поврзани со потенцијални здравствени проблеми, вклучувајќи рак, оштетување на црниот дроб и бубрезите, кардиоваскуларни заболувања, дебелина, дијабетес и дисфункција на имунолошкиот систем, објави Medical News Today.

Кои менструални производи содржат PFA хемикалии?

Научниците испитале повеќе од 100 менструални производи и нивното пакување, барајќи флуорирани соединенија, кои се индикатор за релативно штетни перфлуороалкилни и полифлуороалкилни супстанции.

Тестираните производи вклучуваа тампони, влошки, долна облека за повеќекратна употреба и менструални чаши. Истражувачите забележаа дека етикетите на овие производи обично не ги наведуваат состојките, па затоа потрошувачите честопати не знаат што има во производот.

Тимот зад ова испитување претпоставува дека производителите додаваат флуор за да ја задржат влагата и да го одржат производот сув. Тие исто така додаваат флуор во надворешниот слој на производот за да спречат ширење на крвта од внатрешните слоеви на облеката.

Кои се здравствените ризици од PFAS хемикалиите?

Шерил А. Рос, доктор по медицина, гинеколог и специјалист за женско здравје во здравствениот центар „Провиденс Сент Џон“ во Калифорнија, наведува:

  • Штетните „засекогашни хемикалии“ можат да се задржат во телото и потенцијално да предизвикаат хормонални и репродуктивни проблеми, супресија на имунитетот и потенцијален ризик од рак.

Сепак, потребни се понатамошни студии во иднина.

„Мислам дека информациите презентирани овде не се ништо повеќе од сугестија дека се потребни повеќе истражувања за да се утврди дали ова е навистина проблем“, рече д-р Ренди Фиорентино, директор на Одделот за акушерство и гинекологија во Медицинската група „Сент Јосиф Херитиџ“.

Што можеме да направиме за да се заштитиме од ефектите на PFAS?

Постојат чекори што можете да ги преземете за да се заштитите од изложеност на PFAS. Службениците на Агенцијата за токсични супстанции и регистар на болести истакнуваат некои чекори како важни.

Кога избирате производи за менструална хигиена, обидете се да ги изберете оние што се означени како органски и природни производи, бидејќи тие генерално не содржат синтетички хемикалии – истакнува д-р Рос и додава:

  • Исто така, корисно е да се бараат производи без PFAS и без флуор. Повеќето производи не ги содржат овие опасни супстанции, но важно е да се обрне внимание бидејќи никогаш не можеме да бидеме 100 проценти сигурни за нивното влијание врз здравјето.

Експертите наведуваат дека треба да се осигураме дека водата, храната и спакуваните производи не содржат PFAS – „хемикалии засекогаш“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни