Според властите, 25 лица и натаму се водат како исчезнати, а 26 биле спасени по разорните поплави што го зафатија округот Елгејо-Мараквет, пренесува Ројтерс.
Мваура соопшти дека владата распоредила воени авиони и специјализирани тимови за управување со катастрофи, кои спроведуваат операции за пребарување и спасување на погодените подрачја.
Свлечиштето е предизвикано од обилните врнежи што последниве денови предизвикаа сериозни поплави и штети во западниот дел на земјата.
Извор: N1info.rs