Во Свети Стефан во Црна Гора починала туристка од Македонија

Како што пренесуваат црногорските медиуми, туристката престојувала на плажата со своето семејство, а ѝ се слошило додека пливала во морето

Македонска државјанка, С.Г. (80) од Битолско починала на плажата кај Свети Стефан во Црна Гора откако ѝ се слошило во морето додека пливала.

Ова за црногорски „Вијести“ го потврдиле од полицијата во Будва. Тие спровеле истрага на лице место и за сè го известиле Вишото државно обвинителство.

Како што пренесуваат црногорските медиуми, туристката престојувала на плажата со своето семејство, а ѝ се слошило додека пливала во морето.

Екипата за итни случаи пристигнала на местото на настанот, но обидите за реанимација биле залудни.

Инаку, жената била долгогодишен срцев паци ент.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни