Во Судан за две недели од колера починале 100 луѓе

Речиси 100 луѓе починале од колера во последните две недели во суданската држава Бел Нил, соопшти организацијата Лекари без граници.

Меѓународната медицинска хуманитарна организација соопшти дека од 20 февруари се регистрирани 2.700 случаи на зараза, вклучувајќи 92 смртни случаи.

Војната во Судан трае речиси две години, а почна кога тензиите меѓу суданската армија и паравоените сили за брза реакција (РСФ) ескалираа во судири во Картум и низ целата земја. РСФ почна напади во областа на државата Бел Нил минатиот месец, при што беа убиени неколку стотици цивили, вклучително и новородени бебиња. Во тој период суданската армија соопшти дека постигнала напредок во областа, прекинувајќи ги клучните рути за снабдување на РСФ. За време на нападот на РСФ на 16 февруари, групата истрела проектил кој ја погоди електраната Рабак, предизвикувајќи прекин на електричната енергија и предизвикувајќи го последниот бран на колера.

Епидемијата на колера во областа го достигна врвот меѓу 20 и 24 февруари, кога пациентите и нивните семејства масовно доаѓале во болницата Кости. Најголем дел од пациентите биле сериозно дехидрирани, а организацијата доставила 25 тони логистички материјали, како кревети и шатори.

Министерството за здравство на државата Бел Нил одговори на избувнувањето на епидемијата со обезбедување пристап до чиста вода и забрана за употреба на колички со магариња за транспорт на вода. Извршена е и вакцинација на населението.

Суданското Министерство за здравство во вторникот соопшти дека 57.135 случаи на колера, вклучително и 1.506 смртни случаи, се регистрирани во 12 од 18-те држави на Судан. Епидемијата на колера официјално беше прогласена на 12 август минатата година, откако почна нов бран случаи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни