Во Струга смокви колку сакаш – а често и џабе

Додека во Скопје килограм смокви се продава и по 200 денари, низ внатрешноста цените се далеку пониски.

Во Неготино килограмот чини од 40 до 80 денари, а на кванташки пазар околу 100 денари при купување на големо. Разликата повторно ја открива длабоката ценовна линија меѓу главниот град и останатите делови на земјата, каде што овошјето често стигнува директно од домашните дворови.

Посебна приказна е Струга, каде што во овој период смоквите буквално излегуваат на улица. Туристите и локалците можат да ги најдат на секој чекор – често и без пари, благодарение на богатиот род и гостопримливоста на домаќините.

За скопјани, пак, изборот останува на тезгите со внимателно пресметување, или на пазарење „на големо“ за да се заштеди.

Извор: Рацин.мк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни