Во Струга се руши куќата на Владо Малески – творецот на македонската химна

Малески е авторот на текстот на македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“, а неговата куќа, стружани со децении ја сметаат за значајно културно наследство на градот

Денеска во Во Струга започна рушење на куќата на познатиот поет и писател Владо Малески, објавиј локални струшки медиуми.

Малески е авторот на текстот на македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“, а неговата куќа, стружани со децении ја сметаат за значајно културно наследство на градот.

Објектот попладнево е делумно срушен, што предизвика силни реакции во јавноста и меѓу културните работници.

До сега, не се познати детали кој и зошто ја сруши куќата, како и степенот на нејзината заштита и дали воопшто била заштитени, но граѓаните на Струга на социјалните мрежи изразуваат револт и бараат одговорност за овој чин.

Владо Малески е роден во Струга, на 5 септември 1919 година. Основно образование завршил во Скадар, Албанија, а гимназија во Битола. Студирал на Правниот факултет во Белград, но поради избувнувањето на Втората светска војна ги прекинал студиите. Бил учесник во НОБ на Македонија како еден од организаторите на партизанското движење во струшкиот крај. По завршувањето на војната бил директор на Радио Скопје и уредник на списанијата „Нов ден“, „Современост“ и „Разгледи“. Исто така, работел во дипломатската служба, како амбасадор во Либан, Етиопија и Полска, а бил и член на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија. Стана член на Друштвото на писателите на Македонија во 1946 година

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни