Во среда во МНТ комеморација за Кирил Поп Христов – Кили

На комеморацијата, семејството, колегите, пријателите и почитувачите на неговото дело ќе имаат можност да се простат и да му оддадат почит на уметникот

На 18 март (среда) во 11 часот, на големата сцена во Македонскиот народен театар, ќе се одржи комеморација во спомен на истакнатиот актер Кирил Поп Христов – Кили.

Настанот е во организација на Театарот

На комеморацијата, семејството, колегите, пријателите и почитувачите на неговото дело ќе имаат можност да се простат и да му оддадат почит на уметникот, кој со својата силна сценска појава, искреност, духовитост и препознатлив актерски дух остави длабока трага во македонската театарска уметност и култура.

Популарниот актер и скопска урбана легенда, Кили почина во Еквадор каде десеттина години живееше со својата сопруга.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни