Во Србија откажани сите возови

Компанијата Србијавоз ги известува патниците дека на 14 март 2025 година во 01:39 часот бил примен анонимен повик со дојава за поставени експлозивни направи во меѓуградските возови.

„Од безбедносни причини, принудени сме привремено да го прекинеме сообраќајот на сите меѓуградски возови со цел заштита на животот на патниците и екипажите“, соопштуваат од Србијавоз.

Во тек е интензивна соработка со Министерството за внатрешни работи за решавање на ситуацијата.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни