Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, уапсиле седум лица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело прикажување, набавување и поседување порнографски материјал и експлоатација на малолетно лице за порнографија, се вели во соопштението на српското МВР, пренесуваат српските медиуми.
Постојат сомнежи дека уапсените Б.Ф. (1969), П.М. (2002), Д.Н. (1988), Б.Р. (1954), С.С. (1962), П.С. (1962) и М.О. (1982) подолг временски период преземале, складирале и споделувале материјал создаден со сексуална експлоатација на деца преку DarkWeb.
При претресот на становите на осомничените, на електронски уреди се пронајдени неколку гигабајти фотографии и видеа на кои се гледа тешката злоупотреба на деца, во повеќето случаи на возраст меѓу 4 и 14 години, класифицирани по возраст, пол и други параметри.
Осомничените се задржани до 48 часа и ќе бидат приведени во надлежното обвинителство со кривична пријава.
Министерството за внатрешни работи апелира до родителите да го зголемат надзорот врз онлајн активностите на децата и да пријават секое сомневање за злоупотреба кај надлежните органи.