Во случај на војна со Балтикот“: Русија развива нови подводни дронови Argus и Octavia

Под превезот на научен и технолошки развој, Русија развила серија специјализирани подводни дронови способни за оштетување на клучна подводна инфраструктура. Станува збор за системите Argus-D, Argus-I и Octavia, кои ги развива конструкторското биро „Рубин“, објавува Defence Express.

Оваа информација доаѓа во период на зголемени геополитички тензии. Аналитичарите потсетуваат на изјавата на шефот на руската надворешна разузнавачка служба Сергеј Наришкин, кој минатата година изјави дека „Полска и балтичките држави ќе бидат првите што ќе настрадаат“ во евентуален судир меѓу Москва и Западот. Прашањето за саботажа на подводни комуникациски кабли во Балтичкото Море останува особено актуелно, особено по неодамнешното оштетување на комуникациски кабел меѓу Финска и Естонија.

„Цивилни“ дронови со воена намена

Иако системите Argus-D, Argus-I и Octavia официјално се претставени како цивилни и научни проекти, експертите предупредуваат на нивната двојна – цивилно-воена – намена. Според OSINT-аналитичарот Х. И. Сатон, овие подводни беспилотни летала може да имаат секундарна борбена улога, која вклучува оштетување на подводни кабли, уништување гасоводи и нафтоводи, како и поставување мини на морското дно.

Системот Octavia претставува стационарна подводна приклучна станица која, по поставувањето, се закотвува или се позиционира на морското дно. Таа служи како база со два приклучни порти за други подводни беспилотни возила, овозможувајќи нивно складирање, полнење, собирање податоци и прием на нови команди.

Argus-I и Argus-D: Извидување и испорака

Клучни елементи на системот се дроновите Argus-I и Argus-D. Argus-I е извидувачко возило опремено со различни сензори (ознаката „I“ доаѓа од „Inspector“), додека поголемиот Argus-D („Delivery“) е наменет за транспорт и поставување товар на морското дно.

Официјално, Argus-I се користи за инспекција на подводни цевководи, а Argus-D пренесува товар опишан како научна опрема со сензори за следење на акустични, сеизмички и биолошки активности.

Сепак, со капацитет за носење товар до 300 килограми и вкупна маса од околу 5,5 тони, експертите посочуваат дека Argus-D е исклучително погоден за поставување поморски мини или експлозивни направи на подводни кабли и цевководи. Според аналитичарите, Русија би можела да ги користи овие системи во евентуален конфликт со балтичките држави.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни