Во Словенија украдена бронзена статуа на Меланија Трамп

Полицијата во Словенија истражува кражба на бронзената статуа на Меланија Трамп, поставена во нејзиното родно место Севница. Статуата, која беше во природна големина, се наоѓаше на дрвен панџ во приватно поле, каде што претходно беше поставена дрвената верзија што изгоре во пожар во 2020 година.

Според информациите од полицијата и авторот на делото, американскиот концептуален уметник Бред Дауни, статуата е отсечена кај глуждовите и украдена. „Пријавата за кражбата е примена на 13 мај, по што веднаш беше извршен увид и започната истрага“, изјави портпаролката на полицијата, Аленка Дрениќ Рангус.

Уметникот Дауни, кој во моментот работи на нов проект во Германија, изјави дека е разочаран поради исчезнувањето на статуата. Тој објасни дека бронзената верзија била замислена како „анти-споменик“ и „анти-пропаганда“, со цел да ја замени претходната дрвена скулптура, која била запалена – нешто што тој тогаш го сметал за неприфатливо.

Оригиналната дрвена скулптура ја прикажуваше Меланија во сина фустан и потпетици, и беше изработена со моторна пила од страна на локалниот уметник Алеш Жупевц. Бронзената верзија беше поставена кон крајот на првиот мандат на Доналд Трамп, за време на неговата кампања за реизбор. Статуата беше прицврстена со бетон и метални шипки, и се наоѓаше на приватен имот.

Истрагата за исчезнувањето продолжува.

Меланија, како прва дама на САД, разбуди надежи во Севница дека Доналд Трамп ќе ја посети Словенија – но тоа сè уште не се случило. Сепак, во нејзиното родно место ѝ се посветени разни производи, како колачи, чоколади, мед и дури и влечки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни