Во Словенија почна преизборниот молк пред неизвесните парламентарни избори

Во Словенијаод полноќ стапи на сила изборен молк во пресрет на неделните парламентарни избори, на кои 1.695.196 граѓани ќе избираат 88 пратеници во Собранието, додека преостанатите двајца ќе ги изберат припадници на малцинствата.

На последните предизборни анкети се забележува промена на врвот, при што најголема доверба сега има владејачкото леволиберално движење Gibanje Svoboda на премиерот Роберт Голоб.

Афера за странско мешање

Најмногу кон ваквиот резултат придонесе аферата поврзана со наводно странско мешање во изборите, која се поврзува со опозициската десничарска Slovenska demokratska stranka на Jанез Јанша.

Директорот на словенечката разузнавачко-безбедносна агенција SOVA, Јоша Кадивник, им презентираше на членовите на Советот за национална безбедност материјални докази дека претставници на израелската приватна разузнавачка агенција „Black Cube“ во декември минатата година биле во посета на седиштето на СДС во Љубљана.

Лажни снимки и дезинформации

Во последните недели во јавноста се појави серија анонимно објавени снимки на познати Словенци од деловни состаноци во странство, кои подоцна се покажаа како лажни, бидејќи биле поврзани со непостоечки фирми кои ги поканиле на состаноци.

Истражувањата покажуваат дека предноста на Gibanje Svoboda во однос на Slovenska demokratska stranka се движи од 0,4% до 6,2%, според агенцијата „Aragon“, пренесува Словенечката медиумска агенција.

Формирање влада

И покрај можните изборни резултати, се очекува процесот на формирање нова влада да трае подолго време, поради малите разлики меѓу леволибералниот и десничарскиот блок.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни