На конференцијата на Здружението на преведувачи и толкувачи на Северна макеоднија, која се одржа вчера, учесниците во неколку наврати порачаа дека новите технологии наметнуваат потреба од изнаоѓање на нови термини особено за новите концепти и поими. Но, доколку се јави потреба од воведување на нови зборови, тие треба да се прилагодат на зборообразувачките правила на македонскиот јазик.
Потенцијалот на македонскиот збообразувачки систем е голем и треба да се искористи за да се дојде до преводни еквиваленти кои се прифатливи за сите, а се сепак во духот на македонскиот јазик, беше речено на Конференцијата.
Во дискусијата за иднината на преведувачката професија, и улогата на вештачката интелигенција која може да помогне во преведувачкиот процес, беше заклучено е дека вештачката интелигенција треба да се гледа како алатка која може да му помогне на преведувачот, а не како закана која би можела да го замени преведувачот во целост.
Учесниците порачаа да не се користат резултатите од вештачката интелигенција без проверка и некритички, бидејќи тие сè уште содржат грешки, а особено не се препорачува да се користи во наставниот процес без насоки и надзор од наставник.
Се препорача да се најдат начини како овие јазични модели да се искористат за промоција на македонскиот јазик особено меѓу помладите.
Исто така ЗПРМ и Институтот за македонски јазик заклучија дека треба да излезат со иницијатива за формирање на јазично одделение во Институтот кое ќе биде во директна комуникација со преведувачите и со стручните лица од различни профили и ќе понуди превод на термини поврзани со новата технологија.
ЗПРМ