Магијата на португалската традиција и современиот звук во Скопје ќе ја донесе Мариза.
Во рамки на својата долгоочекувана турнеја, Мариза ќе настапи на 5 април 2025 година во Македонската филхармонија.
Мариза го започна својот музички пат во Лисабон пред дваесет години, а се проби на светската сцена со албумот Fado em Mim во 2001 година. Оттогаш, нејзиниот уникатен глас одекнуваше на најпрестижните концертни сцени, вклучувајќи ја париската „Олимпија“, лондонскиот Royal Festival Hall и њујоршкиот „Карнеги хол“.
Концертот во Скопје ќе понуди можност за уживање во виртуозниот спој на музиката, културата и сензибилитетот што ги освојуваат срцата ширум светот.