Во Скопје ќе има ,,Паметен зелен бран”

Овие мерки ќе донесат значително олеснување на сообраќајниот метеж, подобра организација и поголем комфор за граѓаните, велат од Град Скопје
Слика од камерите
Photo: Screenshot

Град Скопје ќе воведе таканаречен паметен зелен бран кој треба да придонесе за малку сообраќајни гужви и истиот ќе биде усогласен со системот ,,Безбеден град”

,,Во наредниот период, Советот на град Скопје ќе донесе низа важни одлуки поврзани со дистрибуцијата, особено во централното градско подрачје. 

Овие мерки ќе донесат значително олеснување на сообраќајниот метеж, подобра организација и поголем комфор за граѓаните.

Дополнително, преку Сејф Сити системот ќе се стави крај на девијантното и неодговорно однесување кое со години наназад го нарушуваше јавниот ред и резултираше со уништување на урбаната опрема и јавниот простор” велат од град Скопје.

Според нив, ова ва ќе значи побезбедни улици, почитување на правилата, заштита на јавниот имот и пред сè, сигурност за секој граѓанин.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни