Во Скопје отворен Гејминг центар за интеграција и развој на младите

Нов компјутерски центар за игри и интеграција за млади, опремен со 10 гејмерски компјутери и најсовремени игри, беше отворен во рамките на ДХО „Даре Џамбаз“. Проектот е резултат на партнерство меѓу УНХЦР и Црвениот крст на град Скопје, и има за цел да обезбеди инклузивна средина за млади бегалци, баратели на азил и локални млади од ранливи категории.

Центарот, освен што нуди простор за развој на дигитални вештини, истовремено е дизајниран да поттикне тимска работа, креативност и стратешко размислување преку видеоигри. Покрај едукативната функција, тој има за цел и да го олесни процесот на интеграција и да го подобри менталното здравје на младите, создавајќи средина за социјална интеракција и поддршка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни