Во сирискиот град Алепо денеска почна судски процес за насилството врз припадници на алавитското малцинство од страна на провладините борци.
Истражната комисија на сириската Влада во јули објави дека 1.426 лица биле убиени во мартовските напади врз безбедносните сили и последователните масовни убиства на Алавити.
Провладините борци во март годинава убија стотици членови на алавитското малцинство. Според неименувани судски извори, група од десетина лица се товарат за напади врз Алавитите, поттикнување на граѓанска војна, сепаратизам, убиства и грабежи. Додека друга група лојална на соборениот претседател Башар ал Асад се обвинети за напади врз владините сили.
Крвопролевањето беше еден од најголемите насилства откако сунитските исламистички бунтовници предводени од Ахмед ал Шара го соборија режим Асад, со што заврши 54-годишното автократско владеење на семејството Асад.
Сириските медиуми објавија генералниот обвинител поднел обвинение против околу 300 лица поврзани со вооружени фракции блиски до армијата и околу 265 припадниците на паравоени групи од времето на Асад.
