Во Шведска никој повеќе не влегува во казина! Го ставија клучот во бравата на последното казино, ова е причината

Последното казино во Шведска, „Казино Космопол“ во Стокхолм, е затворено, а одлуката за затворање е донесена поради лошата бизнис-работа.

По затворањето на објектите во Сундсвал, Малме и Гетеборг, последното казино „Казино Космопол“ во Стокхолм, исто така, престана со работа, објави шведскиот јавен сервис СВТ.

Одлуката за затворање им беше соопштена на вработените, а околу 240 луѓе ќе ги изгубат своите работни места.

„Како работодавачи, ќе направиме сè што можеме за да ги поддржиме нашите вработени. Од деловна перспектива, вистинската одлука е да се затвори сега, бидејќи бизнисот долго време губеше пари“, рече извршниот директор Ола Енквист.

Причината за затворањето е лошиот бизнис што започна со пандемијата на коронавирусот, но и силната конкуренција од онлајн казината.

Во Шведска, државата имаше монопол врз физичките казина, додека немаше контрола врз онлајн коцкањето поради заедничкиот пазар на ЕУ.

Повеќето онлајн казина се регистрирани во други земји-членки на Европската Унија, а Шведска не може да ги забрани поради европските регулативи.

Државните казина беа основани во 1999 година врз основа на одлука на шведскиот парламент. Парламентот, по лошите финансиски резултати, пред неколку недели ѝ ја одзеде на државната лотарија можноста да управува со физички казина.

Шведската државна лотарија објави дека зградата каде што се наоѓаше казиното во Стокхолм ќе биде продадена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни