Во Шведска електричните возила ќе се полнат додека возат по автопат

Електричните возила се се позастапени насекаде во светот и веќе станува јасно дека во догледна иднина целосно ќе ги заменат возилата на фосилни горива. Сепак и покрај нивната популарност и брзорастечка инфраструктура, не се без недостатоци, а еден од нив е полнењето.

Популарноста на компанијата Тесла, но и се поголемата конкуренција на компании кои произведуваат електрични автомобили и батерии доведе до зголемување на ефикасноста, намалување на тежината и целосно зголемување на безбедноста на електричните автомобили. Со почестото користење на електрични возила се гради и зголемува инфраструктурата за нивно полнење и полесно користење, но останува проблем на подолгото време за чекање да се наполни батеријата, во споредба со ставањето бензин или празнењето на батеријата пред да се стигне до полнач.

Со цел да се надминат овие проблеми, инженери од Шведска претставија нов концепт за пат кој ќе им овозможува на електричните возила да се полнат додека се движат по него.

Проектот eRoadArlanda, кој е финансиран од државата дава ветувачки привични резултати, поради што во иднина би можело возењето на електричен автомобил да стане уште полесно. За полнење на електричните возила додека возат, патиштата се вградени со електрифицирана шина на средината на секоја лента.

Специјалните флексибилни краци прикачени на електричните возила ќе стапат во контакт со шината додека возат, полнејќи ги батериите на возилата, истовремено пресметувајќи ја потрошувачката на енергија на секое возило, за да сопственикот на возилото може да плати за искористената енергија.

Еден од главните извршни директори на проектот, Гунар Асплунд, вели дека овие патишта ќе ја намалат вознемиреноста која ја имаат многу возачи на електрични автомобили за тоа дали ќе стигнат навреме до полнач, пред да останат без батерија на пат.

„Технологијата нуди бесконечен опсег – анксиозноста на опсегот исчезнува“, изјави Асплунд за Ројтерс.

„Електрифицираните патишта ќе овозможат помали батерии и може да ги направат електричните автомобили уште поевтини од фосилните горива“.

Една од најголемите пречки со кои се соочи проектот е како да се одржат електрифицираните шини чисти и без прашина, но инженерите се уверени дека можат да го надминат тоа.

Извор: Ridester

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни