Во што е разликата меѓу зелените и кафеавите смрдибуби: не е само во бојата

Во последните години, смрдибубите станаа чест и непосакуван гостин во домовите, а многумина забележуваат дека постојат две различни видови – зелени и кафеави.

Иако на прв поглед изгледаат слично, тие се разликуваат по повеќе карактеристики отколку само по бојата.

Зелените смрдибуби

Зелените смрдибуби најчесто се појавуваат во потоплите месеци. Нивната зелена боја им овозможува да се сокријат меѓу лисјата, па затоа потешко се забележуваат. Се хранат со растенија и можат да предизвикаат значителна штета во градините и овоштарниците, бидејќи ги цицаат соковите од плодовите и листовите.

Кафеавите смрдибуби

Кафеавите смрдибуби се поотпорни и често се јавуваат во постудените периоди од годината. Тие претставуваат инвазивен вид кој брзо се размножува и лесно навлегува во домовите барајќи засолниште. За разлика од зелените, овие смрдибуби можат да предизвикаат уште поголема штета на земјоделските култури.

Зошто се проблематични

И двете видови испуштаат карактеристичен, непријатен мирис кога се чувствуваат загрозени, што ги прави особено непријатни во затворен простор. Дополнително, нивната бројност и брзината со која се размножуваат создаваат сериозен предизвик за контрола.

Како да се разликуваат и спречат

Најлесно е да се разликуваат по бојата и периодот кога се појавуваат. Стручњаците советуваат редовна проверка на мрежичките на прозорците и вратите, како и внимателно отстранување на инсектите без гмечење, за да се избегне ширење на непријатниот мирис.

Иако на прв поглед изгледаат безопасно, зелените и кафеавите смрдибуби претставуваат сериозна закана за растенијата и земјоделските култури. Познавањето на нивните разлики е клучно за навремено препознавање и преземање на соодветни мерки за заштита.

Извор: Pink.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни