Во Штип промовиран мултимедијалниот буквар „Аз и Буки од планетата Азбука“

На Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип денеска беше промовиран мултимедијалниот Буквар „Аз и Буки од планетата Азбука“, чијшто автор е универзитетската професорка од Филошкиот факултет при УГД-Штип, Ана Витанова Рингачева.

Во рамките на промоцијата се одржа и  советување на тема „Учебниците чувари на македонското јазично – книжевно творештво“.

Авторката на мултимедијалниот буквар „Аз и Буки од планетата Азбука“, Ана Витанова Рингачева вели дека  идејата за ваква форма на буквар дошла од несекојдневно-секојдневна ситуација, во разговор со нејзиниот син, која ја прашал: Дали на другите планети дечињата знаат што е азбука, одат на училиште и дали ги учат буквите?

– И така се роди приказната за две дечиња, принц и принцеза, јас си ги нареков Аз и Бука, од планетата Азбука, како доаѓаат на нашата планета, на први септември, се со цел да видат дали дечињата ги знаат буквите , азбуките така како што ги знаат тие. Тоа беше првичната верзија на приказната, за да го задоволам љубопитството на мојот син, меѓутоа во разговор со креативниот уредник на Просветно дело Ксенија Маказлиева некако одлучивме дека ова би била добра основа за да се направи буквар кој би одговарал на потребите на новите генерации на ученици. Мораме да бидеме свесни дека овие нови генерации на ученици, во рана училишна и во училишна возраст сепак се деца на новото време, деца што растат во допир со најразлични аудиовизуелни содржини, и дека ние нивните потреби не можеме да ги задоволиме само доколку им дадеме лист , хартија со илустрации, изјави Витанова Рингачева.

Авторката и „Просветно дело“ заеднички го прават мултимедијалниот буквар, со цел приказните, случките кои на најубав начин ги напишале нашите познати македонски писатели да ги стават во една заедничка приказна, меѓутоа истата приказна да ја раскажаат преку кратки видео содржини.

-Тоа се оние содржини кои децата со скенирање на Q-arкодовите можат да ги најдар веднаш, да се поврзат на јутјуб. На тој начин учењето станува покреативно, поживо, поинтересно, подинамично, и гледаме дека на тој начин децата немаат отпор кон учењето, туку им станува забавно, вели Витанова Рингачева.

 Рецензент на букварот е проф. д-р Снежана Мирасчиева од Факултетот за образовни науки рече дека  оваа промоција доаѓа и во очи на одбележувањето на 30 години од високо образование за наставници и воспитувачи, односно 30 години од постоење на Педагошки факултет, сега Факултет за образовни науки.

-Овој буквар всушност е и потврда за соработката помеѓу двата факултета, тоа се Филолошкиот и ФОН, затоа што учебникарската работа е занаетска, мајсторство, за тоа најмногу можеме да зборуваме ние од наставничките факултети. Гордост и чест ми е што го рецензирав овој буквар, затоа што на пазарот излезе еден нов тип на учебник, со кој ќе се донесе нешто ново, ќе се разбие монотонијата и ќе се поттикне интерес и љубов кон учењето, рече Мирасчиева.

Ксенија Маказлиева Трајчева, Одговорен и креативен уредник во „Просветно дело“ дополни дека овој буквар претставува своевидно одбележување на оваа година која е полна со јубилеи.

– Сите знаеме дека одбележувме 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден литературен јазик, меѓутоа одбележуваме и 80 години од излегувањето на првиот македонски на македонски јазик, 80 години од излегувањето на првото списание за деца на македонски јазик и секако 80 години од постоењето на Просветно дело каде што започнува традицијата на учебникарството во Македонија на сите наставни јазици во воспитно образовниот процес. Горди сме на сите овие јубилеи, меѓутоа, претставува особена гордост, бидејќи се работеше во долг временски период, и е прв интерактивен  интегриран и мултимедијален буквар, вели Маказлиева Трајчева. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни