Во Штип почна манифестацијата „Очи на Шопов“

Почна културната манифестација ,,Очи на Шопов”, која ќе се одржува во наредните пет дена, а младите ќе ја покажат својата креативности. Средношколците од Гимназијата (СОУ)„Славчо Стојменски“-Штип ја претворија својата идеја во реалност, а настанот ќе понуди музика, поезија и уметност, создадени токму од  младите, кои како што велат имаат  силна потреба да се изразат. Весна Ристова, директор на СОУ „Славчо Стојменски“ вели дека денеска средношколците од штипската Гимназија ја отворија манифестацијата.

-Со сиот нивен жар и ентузијазам, желба и потреба за култура, тие осмислија еден голем проект, кој што ќе трае пет дена и градот ќе пулсира во ритамот на музиката, на поезијата, на фолклорот, на сите оние културни импулси, кои ќе дадат еден посебен ритам на нашиот град. Младите имаат потреба за култура, младите имаат потреба да се искажат и изразат и затоа ние им ја даваме целата поддршка, да прават добри дела и да ги следат идеите на Шопов, изјави Ристова. Манифестацијата е осмислена со различни натпреварувачки делови, рече Ристова. Таа истакна дека истите натпревари се во областите на поезијата, ораторството и сл.

Во време на предизвици и брзи промени, младите од „Славчо Стојменски“ велат дека културата не е луксуз, таа е потреба. А кога младите зборуваат преку уметност, цел еден град слуша. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни