Во рускиот напад врз Киев загинаа најмалку 13 лица, меѓу нив и деца а оштетена и зградата на ЕУ

Русија истрела 629 проектили и дронови врз Украина – Киев беше цел на масовен напад со најмалку 13 загинати, меѓу кои и деца. Оштетена и зградата на ЕУ, меѓународната заедница остро реагира.

Русија во текот на ноќта изврши еден од најжестоките напади врз Украина од почетокот на војната. Според украинските воздушни сили, истрелани биле вкупно 629 проектили и дронови, од кои 598 дронови тип „Шахед“ и 31 ракета, насочени кон 13 локации низ државата.

Киев беше меѓу најтешко погодените цели, со повеќе од 26 места погодени од крхотини, а во нападот загинаа најмалку 13 лица, меѓу кои и тројца деца, додека над 30 лица се повредени.

Особено внимание предизвика веста дека зградата на Европската Унија во Киев е тешко оштетена од ударниот бран. Амбасадорката на ЕУ во Украина, Катарина Матернова, потврди дека делегацијата на ЕУ била директно погодена, нарекувајќи го нападот „масовен и намерен“.

🇪🇺 Претставници на ЕУ ја осудија агресијата. Претседателот на Европскиот совет, Антониу Коста, изјави дека нападот бил намерен чин против дипломатски цели, додека еврокомесарката за проширување, Марта Кос, го оцени нападот како јасен сигнал дека Русија избира терор наместо мир.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха рече дека целта била дипломатски објекти, што претставува директно кршење на Виенската конвенција.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп сигнализираше подготвеност за нов трилатерален мировен самит со Путин и Зеленски, но Москва поставува се поостри услови, вклучително и целосно отстапување на Донбас – што Украина го одбива.

Претседателот Зеленски изјави дека Русија со овој напад испраќа јасен одговор на мировните напори – повеќе насилство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни